Заев: Не доцни Владата, единствено Христијан Мицкоски доцни

– Вчера имавме неколку часовна лидерска средба кај претседателот на државата, буквално за една минута консензуално заклучивме дека треба да ги одложиме изборите. Останатите саати ги поминавме во убедувања зошто треба вонредна состојба наспроти тврдењето на господинот Мицкоски дека треба кризна состојба. Па и професорката Силјановска тоа го тврдеше. Денеска кога Владата донесе одлука за да побара од Парламентот, а Парламентот го проследи тоа до Претседателот на државата, воведување на вонредна состојба, министерот Чулев поита да се јави за да господинот Мицковски излезе на прес- конференција и наводно вели Владата доцни и со мерките  и затоа апелира за вонредна состојба. А сите дома и во светот даваат комплименти,  и на министерот за здравство, институциите, здравствените работници и на Владата како се справува со здравствената состојба и токму поради тоа јас можам да кажам дека ова е само заради политички калкулации. Владата не доцни, Владата е навремена, доцни господинот Мицковски, вели претседателот на СДСМ како одговор на прашање на новинар дека Мицковски изјавил дека Владата доцни со мерките.
Ако вчера имаше доволно храброст да ги прифати аргументите и анализите, Уставот е јасен, јасни се надлежностите кои што се даваат, транспарентно работи Владата, веројатно уште од вчера ќе прифатеа или Парламентот или Претседателот, како што е пропишано со Устав да ја прогласи вонредната состојба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e