Заев најави дека 15 јули ќе биде неработен ден за сите граѓани

15 јули, среда, неработен ден за сите граѓани, ден за гласање, ден за одлуки и за спас на државата од кризата во која влеговме, потенцираше претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

„За да не страда народот и за да им се овозможи на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ на дело да ја покажат својата одговорност, го заклучуваме 15 јули како конечен, последен и единствен датум за избори на кои гарантирано ќе учествува опозицијата. Бараа средината на јули – еве им средина на јули.

Се знае кој и во минатото бил најодговорен пред народот и државата, така и овој пат СДСМ ја покажува својата големина, разбирање и одговорност“, заклучи Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e