Поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев, во “Отворено студио” на 24 ТВ, со коментар за акцијата на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев и упадот на полицијата во магацинот во Струмица каде се пакуваат пакети кои се донираат на загрозена категорија граѓани низ целата држава.
“Семејството Заеви секогаш биле хумани, тоа го знаат граѓаните на Струмица, тоа го знаат граѓаните низ целата држава и сите што ме познаваат како човек. Целта во ваква криза е сите што имаат да помагаат, а ние помогнавме во здравството, им помогнавме на сиромашните луѓе. Дај боже сите да имаат, па да помагаат. Донација од 100 денари од сиромашен човек вреди повеќе од 100 000 од богат. Но, дарувањето крв на пример не е врзано со материјално богатство. Но, очигледно ВМРО-ДПМНЕ се солидаризираат со криминалот на Груевски, ова е гола борба за власт и тука се одлични. Ама кога треба да се солидарни никаде ги нема.
Бесмислено е да влезете да правите претерес во приватен имот без судски налог каде волонтерите работат навечер за да можат камионите насабајле да тргнат да доставуваат пакети низ цела држава. Ни јас не знам каде точно оди секој од тие пакети, ги даваме низ општините низ цела Македонија, па оттаму ги распределуваат на загрозени семејства. Замислете да се тресат и да плачат млади деца волонтери до 5 часот наутро. Ама се потсетивме што значи режим!
На крај излезе дека судот треба да даде налог за да влезете во приватен имот, а налог нема. Дефинитивно нема да им успее, потсетија како владеше режимот. А, замислете Чулев уште го брани целиот чин. Солидарноста и хуманоста е потребна кога е тешко. Јас ги разбирам. но не можам да им дадам тоа што го немаат. Дефинитивно солидарноста им е далечна” – заклучи Заев.