Заев на средба со менаџментот на компанијата “China Energy”: Созреани се условите за инвестиции во енергетиката и транспортот

Премиерот Зоран Заев, заедно со владиниот економски тим, денеска во Будимпешта, оствари средба со потпретседателот на Бордот на директори на компанијата China Energy, Динг Јанжанг и други претставници на менаџментот на компанијата.

24173480_10156057833677932_7526073094717151299_o

Од компанијата која има отворено свое претставништво во Скопје истакнаа дека се создадени услови за инвестициски циклус во секторите енергетика и транспорт. Компанијата ги следи активностите на новата влада и најави учество на 5 проекти во претстојниот период. Премиерот Заев ги охрабри да учествуваат во постапките кои следуваат во претстојниот период посебно за проекти од областа на инфраструктурата и енергетиката.

На средбата се разговараше и за новите владини економски политики за економски раст и привлекување на нови инвестиции за кои претставниците на кинеската компанија покажаа сериозен интерес. На самиот крај од состанокот беше констатирано дека постојат добри основи за плодна соработка во иднина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e