Заев на отворањето на фестивалот„Пролетни веселби во чест на празникот Х’дерлез“, валандовско

Премиерот Зоран Заев, заедно со министерот за култура, Роберт Алаѓозовски, претставници на Владата, пратеници од Собранието, како и од локалната самоуправа во Валандово, денеска присуствуваше на свеченото отворање на 27. Меѓународен фестивал „Пролетни веселби во чест на празникот Х’дерлез“, во валандовското село Чалакли.

efvdv

На настанот со меѓународно значење, кој од неодамна е на  Репрезентативната листа за нематеријално културно наследство на УНЕСКО, присуствуваше ополномоштен претставник од УНЕСКО од Турција, претставници од амбасадата на Република Турција во Република Македонија, на културно-уметнички друштва на двете земји, гости, медиуми.

„Ете ова е нашата убава Република Македонија. Овде сум, во валандовско Чалакли и ќе речам: Да е Честит Х`дерлез, среќа и бериќет за сите. Да бев во скопско Шуто Оризари, ќе кажев: Да е честит Ѓурѓовден, и пак со истата желба, среќа и берикет за сите. Можам да кажам и: Нека е честит Денот на Свети Ѓоргија, што се чествува во многу семејства во Македонија. Што и да кажам, нема да згрешам. Еве го нашето едно општество – на дело“, рече премиерот Заев во воведното обраќање.

pvrm-zaev-hderlez_2

Заев, додаде дека „овој спој на различности, обичаи, старини, традиции, бои, вкусови во Македонија – е Европа во мало и ова, непроценливо културно – историско богатство, РМ е подготвена да го сподели со Европската унија, кон каде што стремиме како граѓани и како држава”.

Тој изрази благодарност до УНЕСКО што организацијата го препозна значењето на Хид Бах Шен фест, како што е називот на настанот и ја прифати мултинационалната апликација.

За прв пат, оваа 2018 година, Х`дерлез се организира под покровителство и на УНЕСКО.

pvrm-zaev-hderlez_7

На Пролетните веселби во Чалакли што традиционално ја слават пролетта, а жителите си посакуваат богат род и благосостојба во семејствата се обрати и министерот за култура, Роберт Алаѓозовски.

„Оваа мултинационална апликација што ја поднесовме со Република Турција, како и другата успешна апликација за впишување на обичајот „Мартинки“ во листата на УНЕСКО на која работевме заедно со институциите на Бугарија, Романија и Молдавија, претставуваат вистински патоказ за правецот во кој треба да се развива регионалната соработка“, порача министерот Алаѓозовски.

На Пролетните веселби во чест на Х’дерлез во Чалакли настапија културно – уметнички друштва од Македонија и од Турција, како и други земји од регионот, имаше изложба на стари, традиционални јадења и фотографии, беа доделени плакети, а беше врачен и Сертификатот од УНЕСКО со којшто Пролетните веселби во Чалакли се признаени од оваа светска организација за заштита на културното наследство, во листата нематеријално културно наследство на човештвото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e