Заев: Му кажав на Груевски што го чека, мислеше дека е толку моќен и дека ароганцијата ќе му помогне да се извлече

– Нашата јавност знае дека уште во стартот на процесот на демонтажа на претходната власт, јас му пристапив на Груевски отворено и го соочив со тоa што ќе се случува. Тој избра неразумен одговор. Не знам, мислеше ли дека е толку моќен и дека ароганцијата ќе му помогне да се извлече од тоа што беше неизбежно – од соочувањето со екстремните злоупотреби и од последиците од нив. Од тогаш наваму, стануваше само прашање на време кога дефинитивно ќе се соочи со одговорноста за своите постапки и со фактот дека правдата не е протерана од Република Македонија. Беше само брутално потисната. Граѓаните го кажаа своето. Правосудните институции си го враќаат независното професионално достоинство. Кога владее правото, правдата ќе ги стигне сите, и пред неа никој нема право да бара било какви концесии, вели премиерот Зоран Заев во новогодишното интервју за Дојче веле.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e