Премиерот Зоран Заев по распитот во СЈО, пред медиумите изјави дека бил повикан да даде исказ како оштетен во случајот „Таргет“ за незаконски прислушуваните разговори.
Тој на новинарско прашање дали се избрани нови директори на БЈБ и УБК одговори дека тие прашања не биле на дневен ред на денешната седница на Владата.
Такви одлуки се очекуваат деновиве.
Заев исто така информираше дека не е исклучена можноста на чело на УБК повторно да застане екс директорот Верушевски, но како што кажа, тоа не зависи само од него.