Заев: Многу сме блиску до решение, остануваат името и опсегот на употреба

Постигнат е напредок за најголемиот дел од прашањата во спорот со името, остануваат опсегот на употреба и името за меѓународна употреба, рече македонскиот премиер Зоран Заев на денешниот отворениот брифинг со медиумите.

Точно е дека поголем дел од работите се решени и тоа, истакна, му дава право да верува дека има исчекор, но, посочи дека и тоа што е решено, може да се смета дека е договорено само ако има конечен договор.

Би кажал само дека не е решен опсегот и не е решено името за меѓународна употреба. Многу сме блиску до решение што би требало да биде и потврдено во делот идентитетот и во делот на националноста и на јазикот. Мислам дека сме пред решение за овие прашања, рече Заев и додаде дека другите прашања генерално се апсолвирани.

Целиот текст на Алсат можете да го прочитате ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e