Заев: Минималната плата ќе ја зголемиме на 12 000 денари, фирмите ќе добиваат по 108 000 денари за секое отворено работно место

“Нам особено важни ни се најзагрозените. Уште во првите шест месеци минималната плата од 9 илјади денари мора да се промени. Ние имаме конкретен краткорочен и среднорочен план. Најниската плата прво ќе биде зголемена на 12 илјади денари а ако идната влада не успее до крајот на мандатот да ја зголеми минималната плата на 16 илјади денари, ич да не се појавува следниот пат пред гласачите.

Да, ова ќе биде обврска на фирмите, и ним ќе им помогнеме. Ова го правиме за нив. Ако тие работат добро и граѓаните ќе имаат пари. Ако имате работник на кој не му се враѓаат нозете кога треба да оди на работа, ако имате платен и мотивиран работник и успехот на компанијата ќе биде поголем.

Уште веднаш, од првото зголемување на минималната плата, предвидуваме парична помош за фирмите. Не да ги добијат парите на хартија па потоа да ги чекаат со месеци, туку веднаш, пари на сметка за да можат да работат и да исплаќаат плати.

Работодавачот ќе има поврат за исплатена бруто минимална плата и тоа уште во првата година по промените.

300 до 400 милиони евра годишно оваа власт краде. Од 70 илјади фирми, најмалку 10 илјади од нив ставија клуч на врата. Секоја трета е со блокирана сметка, поради казните од 2,3, 5 илјади евра.

Ние ќе им помагаме на домашните фирми. Тие ќе бидат столбот на економијата во нашата држава. Ако тие добро работат, ќе има и за пристојни плати и за достоинствен живот на вработените во нив.

Испланиравме 20 милиони евра годишна државна подршка за малите и средни претпријатија која што целиме да достигне до 50 милиони евра на годишно ниво.

По 108 илјади денари државна помош ќе добиваат фирмите за секое отворено работно место.

По 100 илјади денари државна помош ќе добиваат фирмите што ќе вработат лице до 50 годишна возраст и ќе му овозможат просечна плата.” – потенцираше Заев во дел од неговото обраќање пред присутните на 20 конгрес на СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e