Јас сум премиерот кој донесе одлука заради мојата нашата земја конечно да ги исполни своите стратешки аспирации. Република Северна Македонија ќе биде членка на НАТО до крајот на годината или почетокот на следната година. Граѓаните да бидат сигурни и спокојни, Северна Македонија станува членка на НАТО, нема менување граници, имаме траен мир.Јас направив пријателство со сите соседни земји. Со Бугарија го решивме проблемот за неполни два месеци откако ставав премиер. – порача Заев во вечерашното гостување на Клан ТВ.
Преспанскиот договор е историски затоа што носи економски просперитет на граѓаните, целина, интегритет… – рече Заев.
ВМРО и Мицковски немаат храброст да излезат заеднички да изнајдеме решение за СЈО, за Јавното обвинителство и други проблеми кои мора да ги решиме за нас. Освен што сакаат да дојдат на власт друго не сакаат од ВМРО освен да го „раскрчмат“ она што не успеаа во нивните 11 години власт. – порача Заев.
Мицкоски нема храброст да решава проблеми. Дејствува против државата против стратешките интереси. Го кочи носењето на Законот за СЈО. Граѓаните ги надитрија лагите на ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ немаат став и не знаат што сакаат.