Заев до Мицковски: Аман, немојте Вие за непотизам, на вашиот татко сте му биле асистент на факултет

Мицковски го обвини Заев и владата што ја предводи дека при вработувањето се вработуваат роднини, кумови, сестри или браќа на функционер и на СДСМ и дека владата е заглавена во непотизам.
На ова премиерот Заев реплицираше обраќајки му сe на Мицковски.
-Аман – рече Заев – немојте вие за непотизам, па сте му биле асистент на вашиот татко на машинскиот факултет.
Мицковски прво негираше, но, сепак призна дека еден семестар му бил асистент на татко му кој е сега во пензија а му бил и асистент на сегашниот вицепремиер Ангушев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e