Заев и Мицкоски се договорија: 15 јули е конечен, последен и единствен датум за избори на кои гарантирано ќе учествува опозицијата

“Мораме да си ги спасиме државата и народот од каков било ризик од дополнително влошување на ситуацијата. Поголема криза од ова нема да можеме да издржиме со техничка влада и без Собрание. Ова мора да заврши и знам дека преку глава му е на секој граѓанин од партиските игри и од фамозниот датум за избори. Ајде, време е ова да го расчистиме!Ние, јас и СДСМ, преземаме чекор за да им олесниме на сите граѓани веднаш да заврши оваа игра на нерви од која најмногу страда народот, рече Зоран Заев на денешната прес-конференција. 

За да не страда народот и за да им се овозможи на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ на дело да ја покажат својата одговорност, го заклучуваме 15 јули како конечен, последен и единствен датум за избори на кои гарантирано ќе учествува опозицијата. Ја информирам јавноста дека денес повторно разговарав со Мицкоски и тој ми потврди дека е согласен да учествува на избори на 15 јули.

Бараа средина на јули – еве им средина на јули. 15 јули, среда, неработен ден за сите граѓани,
ден за гласање, ден за одлуки и за спас на државата од кризата во која влеговме. Праќам порака до Мицкоски – одговорноста пред сопствениот народ е големо дело. Никој политичар не смее да помисли да си игра со сопствениот народ. Доволни беа лошите изненадувања што ВМРО-ДПМНЕ им ги приредуваше на македонските граѓани. Време е да погледнат надвор, да се одважат и ова решение да го потврдат пред народот.

Ова е за спас на државата. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се повикани да одговорат и да влезат во демократскиот процес заедно со сите други политички чинители во земјава.

Овој пат барањето за вонредна ќе биде само заради усогласувањето на 15 јули како конечен датум за избори. И тоа е фер граѓаните да го знаат, ќе се бара Вонредна заради избори, бидејќи истата не е потребна заради економските мерки – тие се веќе во полна реализација.ВМРО-ДПМНЕ е на потег, да излезе пред народот и да се соочи со потребата од одговорно однесување. – порача Заев.

Натаму одлучуваат граѓаните, тие ќе кажат кој ќе се справува со Ковид на есен.
СДСМ е одговорна власт која после 15 јули ќе продолжи да ја води државата на исправниот пат, уште подобро. Тоа го знаеме и го можеме! – рече Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e