Заев до Мицкоски: Кажете дека сте против НАТО и ЕУ, не измислувајте банални причини со кои ја кочите земјата

На самиот почеток од тв дуелот помеѓу Мицкоски и Заев, на тема право и закон за СЈО, премиерот Заев директно го праша опозицискиот лидер дали повторно ќе ја блокираат државата.

-Мора да одговорите, дали повторно сте подготвени да ја блокирате нашата заедничка земја да не отвори поглавја. Со вашето однесување гледаме дека повторно се обидувате да ја избегнете одговорноста на опозицијата. Ако сме за НАТО и ЕУ реално треба да ги подржиме процесите. Но очигледно, вие сте против НАТО и против ЕУ. Почесно е да го кажете вашиот став дека сте против НАТО и ЕУ наместо да измислувате банални причини и аргументи за блокирањето на државата, посочи Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e