Кај нас здруженијата на новинари почнаа да работат, медиумите да направат регистар на портали, фејк њус и разграничување што сигурно ќе даде придонес, но досега најсреиозната алатка за борба притив лажните вести е вистината, посочи Заев.
– Како и на секој и мене тешко ми паѓа кога ги гледам лагите, невистините и слично. Се обидуваме низ вистината и со одговори да ги дадеме одговорите на овие прашања и ќе продолжиме на тој начин. Лажните вести можат да уништат интегритет, чест, достоинство на една личност, на цело семејство, па дури да направат и непријатели меѓу земјите кои се пријатели, рече Заев.
Потенцира дека светот има голем проблем со лажните вести и затоа мора да изнајде институционално решение за борба против нив.
– Политичарите имаат должност да работат на градење на пријателство и да помогнат на стандардизација и разграничување на тоа што е критичко новинарство и што се лажни вести. Критичкото новинарство треба да го има, бидејќи е многу здраво за демократијата за разлика од лажните вести кои ја уништуваат. Кај нас здруженијата на новинари почнаа да работат, медиумите да направат регистар на портали, фејк њус и разграничување што сигурно ќе даде придонес, но досега најсреиозната алатка за борба притив лажните вести е вистината. Многукратно повторување на вистината за да можат читателите и гледачите да разграничат – што е лажна вест, а што не, посочи Заев.