-Со буџетот предвидуваме повеќе пари за унапредување на македонската економија и животот на граѓаните. Буџетот за 2018 година е проектиран врз основа на реални проекции и очекувања. Преку транспарентен и отворен пристап овој предлог буџет е отворен за коментари од пошироката јавност, граѓанскиот сектор, стопанските комори и синдикатите пред негово официјално пуштање во владина и собраниска процедура. Она што започна со ребалансот, уште поизразено е со Буџетот за 2018г, а тоа е кратењето на непродуктивните трошоци. Ставката за стоки и услуги е намалена за 650 милиони денари. Целта е зголемување на квалитетот на живот на сите граѓани, вели премиерот Заев во вечерашното гостување на МТВ по повод Предлог буџетот за 2018 година.