Откако го потпишавме Договорот со Бугарија, имаме раст на трговската размена од 8,2% во 2018, како и раст на извозот од 4,1% во 2019 во периодот јануари-мај. – информираше премиерот Зоран Заев на својот ФБ профил.
-Дефицитот во тековната сметка на Северна Македонија се намали од 240 милиони евра (3,2% од БДП) во 2012 година на 31,9 милиони евра (0,3% од БДП) во 2018 година, според извештајот на Светската трговска организација – World Trade Organization – WTO. – напиша Заев. Нашата држава е на добар пат! – порача тој.