,,Ајде вие пратениците од левата страна, подадете рака на оние од десната и вие пратеници од десната страна подадете рака на овие од левата. Ова е вистински момент за прошка и помирување. Да се помириме и да си простиме“, рече Заев.
Тој рече дека е подготвен да ја плати цената за еден ваков потег и дека знае оти тоа е политичка цена.
„Политичарите доаѓаат и си одат, но народот наш и државата ни остануваат засекогаш“, рече Заев.
Ова во јавноста веќе е протолкувано како понуда за амнестија за настаните на 27 април минатата година.
