Денеска ја доставив мојата кандидатура за претседател на СДСМ, истакна претседателот на СДСМ Зоран Заев.
„Пред членовите на партијата излегувам сo Програма: Нова политика – СДСМ прв во промените!
Ја барам поддршка за нов мандат како претседател, на првите директни внатрепартиски избори што ќе се одржат на 21 март“, посочи Заев.
Заев нагласи дека доколку ја добие доверата, со својот нов мандат, најавува досега најголема политичка акција за промена на начинот на функционирање и менталитетот на политичките партии во нашата земја, почнувајќи токму од СДСМ.
„Нова политика – Пролетна офанзива за нов пресврт во политичкото делување на СДСМ и Република Северна Македонија“ потенцираше Заев.