Заев: Храброста на Лазаревски и Костовски беа силен удар врз недемократските окови на режимот

Премиерот Зоран Заев упати честика за државната награда за човекови права „Мето Јовановски“ кон, како што рече, хероите на демократија, Ѓорѓи Лазаревски и Звонко Костовски.
-Нивната храброст и нивните вредности осојузени со политичкото и граѓанското мнозинство беа силен удар врз недемократските окови на режимот и го започнаа патот кон ослободувањето на нашето општество, вели Заев.
-Оваа нивна жртва ги поставува високо на пиедесталот моралот и одговорноста коишто еден граѓанин може да ги покаже.
Не би можел да замислам посоодветен и позаслужен избор на луѓе за оваа награда.
Ви се поклонувам, вие сте гордоста на нашето општество!
Со ова највисоко признание за остварувања во областа на промоцијата, заштитата и унапредувањето на човековите права, денеска во Собранието на Република Северна Македонија беше одбележан Денот на човековите права, напиша Заев во честитката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e