Заев го честита крајот на учебната година

Премиерот Зоран Заев, на сите ученици им го честита крајот на учебната година.

-На сите ученици, на наставниците и родителите им го честитам крајот на оваа школска година.

Оценките се важни, но стекнатото знаење е уште поважно, особено ако тоа знаење во иднина ви помогне да ги препознавате и да ги решавате прашањата со кои ќе се соочувате во животот.

На сите оние кои ја завршија деветолетката, како и на сите матуранти, им посакувам натамошни успеси во следните фази на образование и во животот.

Пред сите вас сега стои заслужениот летен одмор. Одморете се, забавувајте се, и соберете сили за новите есенски школски предизвици. – напиша Заев на својот ФБ профил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e