„Поднесени се тужбите против Бране Петрушевски и Жан Митрев за клевета и нарушување на чест и углед“ – напиша меѓу другото на Фејсбук поранешниот премиер, Зоран Заев.
Екс лидерот на СДСМ во пораката споделена на социјалните мрежи ги покажа тужбите и напиша:
„Не постои никаква дилема дека ќе се докаже лагата и на двајцата. Надоместокот од добиените тужби ќе оди за децата без родители и лицата со посебни потреби“.
Фејсбук статус на поранешниот премиер, Зоран Заев
