Заев: Единствениот пазар за електрична енергија ќе донесе поевтина струја за сите

Премиерот Зоран Заев придружуван од вицепремиерот Кочо Анѓушев, денеска во Охрид го отвори Форумот на Југоисточна Европа на оператори на електрична енергија.

Заев потенцираше дека ваквиот собир ги зголемува надежите за зголемување на транспарентноста и конкурентноста меѓу сите учесници на пазарот на електрична енергија, а со крајна цел поевтина електрична енергија за сите крајни потрошувачи.

Тој, во името на Владата на РМ, и од името на граѓаните на Македонија, искажа задоволство за напорите за креирање на единствен пазар на електрична енергија.

„Уверен сум дека работното мото кое сте го определиле за овој форум – „Границите да станат мостови“, ќе биде инспирација да ги вложите сите ваши искуства и знаења за реализација на вашите планови за зголемување на соработката и за намалувањето на бариерите кои постојат меѓу националните електропреносни системи, како клучен предуслов за создавање на единствен пазар, односно за олеснување на трговијата со електрична енергија“, рече премиерот во своето обраќање на Форумот.

Целото обраќање на Заев погледнете го во следното видео:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e