Поранешниот премиер и претседател на СДСМ, Зоран Заев, во вечерашното гостување во “Отворено студио” на 24 телевизија, со коментар за ставот на опозицискиот лидер Мицкоски дека ВМРО-ДПМНЕ сигурно ќе победат на изборите.
“ВМРО-ДПМНЕ ќе победат на избори тогаш кога ќе почнат да се однесуваат одговорно и кога ке сфатат дека државата, Владата и Парламентот постојат заради граѓаните и тие институции треба да функционираат со целосна сила. Република Северна Македонија за разлика од сите други земји, во моментот нема ниту Парламент, ниту политичка влада, а економските параметри се лоши секаде во регионот. Падот на кривата треба да го искористиме бидејќи не знаеме кога ќе дојде друг таков момент” – објасни Заев.
Запрашан дали СДСМ брза на избори за да го искористи високиот рејтинг на ресорот здравство, Заев со став:
“Добриот менаџмент на здравствената криза е само поен плус. Но, она што е најважно во моментов е дека ние успеавме стратешките цели на државата да ги решиме” – додаде Заев.