Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денеска замина за Атина,но нема да разговара за името, изјави премиерот Зоран Заев по излегувањето од Специјалното јавно обвинителство каде се јави како сведок и оштетен во случајот „Таргет“.
Како што рече Заев, целта на посетата на македонскиот шеф на дипломатија Никола Димитров, на јужниот сосед е да се воспостават подобри односи меѓу соседите, да направи терен за почести средби на високо ниво.