Заев: Демократија – никогаш доволно!

Во недела, 21 март, за прв пат во македонскиот плурализам ќе се одржат директни непосредни внатрепартиски избори.
Овој врвен чин на внатрепартиска демократија ќе го направи токму СДСМ, членовите социјалдемократи директно ќе избираат Претседател.
Кандидатот за претседател на СДСМ, Зоран Заев, вчера на прес-конференција, пред членовите на партијата и пред сите граѓани ја претстави Програмата и побара поддршка за нов мандат.

„Што сакаме, режим или слобода?
Слушам некои зборуваат за “претерана демократија” и за нужност од “цврста рака”. Цврста рака е симбол на режим, а слобода на говор и почитување мислења е симбол на демократијата.
Јас сум и секогаш ќе бидам ЗА повеќе и ЗА подобра демократија. Демократија – никогаш доволно!“ – порача одлучно Заев во вчерашното обраќање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e