Заев и Ципрас на нова средба во Мостар

Македонскиот премиер, Зоран Заев, и неговиот грчки колега, Алексис Ципрас, заедно со нивните колеги од Црна Гора и Босна и Херцеговина, ќе одржат квадрилатерална средба во Мостар. Како што објави грчката новинска агенција АНА-МПА, Ципрас попладнево треба да прими награда од Центарот за мир и мултиетничка соработка за неговиот придонес во задржувањето на мирот на Балканот.

АНА-МПА објави дека околу 20 часот се очекува во Мостар да пристигнат и македонскиот премиер и премиерот на Црна Гора, а 15 минути подоцна да се одржи квадрилатерална средба на лидерите по што ќе прошетаат по Стариот мост. Потоа Алексис Ципрас и Зоран Заев ќе ја потпишат повелбата за мир и ќе бидат наградени од претседателот на Советот на министри, Денис Звиздиќ. Некои од грчките медиуми наградата ја поврзуваат со договорот од Преспа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e