Заев и Ципрас на 24 јануари ќе имаат средба во Давос

По засилената динамика за решавање на спорот меѓу Македонија и Грција и очекувањата дека Метју Нимиц на 17-ти јануари во Њујорк ќе излезе со првичен предлог за името, полето на преговори за решение ќе се префрли и во Давос (Швајцарија), информира грчкиот информативен портал Real.gr.

Имено, кон крајот на минатата недела од владата информираа дека премиерот Заев со владина делегација на 25-ти и 26-ти јануари ќе учествува на Светскиот економски форум кој годинава се одржува во Давос, а според порталот во периодот од 23-ти до 26-ти месецов таму ќе биде и грчкиот премиер, Алексис Ципрас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e