Заев: Четири работи ќе се променат во нашиот устав

Премиерот Зоран Заев во вечерашното гостување во Топ Тема, на поставено прашање од страна на публиката рече дека уставот ќе претрпи четири промени, а тоа би поминало во Собрание со еден амандман.

Промените кои ќе треба да се направат доколку референдумот успее, се следните:

  1. Додавање на географската одредница
  2. Преамбула за зајакнување на конститутивните елементи на државноста преку АСНОМ
  3. Член 3 – Зајакнување на непостоењето на аспирации надвор од територијата на Македонија, односно неповредливоста на границите. Да биде како во уставите на сите земји членки на ЕУ
  4. Член 49 – Останува грижата за дијаспората комплетно, но по стандарди на ЕУ, како што стои во земјите членки на ЕУ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e