Премиерот Зоран Заев вели дека прифатиле она што опозицијата го бараше за да покажат дека не им требата медијатори.
Но, вели дека тие не кажале јасно дали се за ЕУ и НАТО.
Тој изјави дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски лаже кога тврдел дека му биле важни техничката влада во пржинскиот модел и изборот на ДИК со двотретинско мнозинство.
Заев смета дека целта на Мицкоски е Македонија да не успее.
Вели дека Мицкоски тврди дека е за ЕУ и НАТО, но не сака да прифати ни еден чекор за остварување на оваа цел.