Српската премиерка, Ана Брнабиќ, денеска ќе престојува во еднодневна официјална посета на Скопје.
Посетата ќе ја започне на граничниот премин Прешево-Табановце, каде со премиерот, Зоран Заев, ќе го означат почетокот на зедничкото гранично управување.
Со новиот систем на царинска контрола, со заедничка контрола на преминување на луѓе и трговска стока, ќе се поедностават царинските процедури и ќе се забрзаат протокот и поминувањето.
По ова, премиерката Брнабиќ и премиерот Заев ќе имаат тет-а-тет средба во Владата на РСМ.
Двете делегации ќе потпишат повеќе документи и договори од заеднички интерес на двете земји.