Заев: Блаже Конески е везилка на македонскиот правопис, сеизмограф на граматиката на македонскиот литературен јазик

,,Денеска, на 19 декември се навршуваат 98 години од раѓањето на македонскиот гениј Блаже Конески – лингвистичкиот и литературен џин од Небрегово.

Вечно ќе му бидеме благодарни за неговата улога во стандардизирањето и афирмирањето на македонскиот јазик.

Блаже Конески е везилка на македонскиот правопис, сеизмограф на граматиката на македонскиот литературен јазик, стерна на првиот речник на македонскиот јазик и златоврв во историјата на македонскиот јазик.

Посланието на Блаже Конески е да си го чуваме нашиот македонски јазик како единствената наша комплетна татковина.

И ако некој случајно се обиде да го негира македонскиот јазик во 21-от век, доволно е само да се цитира великанот на македонската лингвистика: „Она што го гледаме како историски факт пред себеси не можеме да го негираме со разумни аргументи“.
(Блаже Конески, Македонскиот јазик во развојот на словенските литературни јазици, Култура, 1968, стр. 31)“-пишува на ФБ профилот на премиерот Зоран Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e