Заев: Автентичноста на „бомбите“ е потврдена од форензиката

Премиерот Зоран Заев денес повторно проговори за сведочењето на Верушевски и автентичноста на таканаречените „бомби“.

Заев порача дека воопшто не е спорно дека прислушкуваните материјали кои ги има СЈО се автентични, нагласувајќи дека тоа го потврдиле и форензичките анализи. Ова беше одговорот на премиерот, откако беше запрашан зошто поранешниот шеф на УБК, Зоран Верушевски дава поинаков исказ за снимките.

Премиерот на Македонија, меѓу другото порача дека Зоран Верушевски, кој инаку е негов советник за национална безбедност, на следното рочиште ќе се дообјасни, по што многу работи во врска со „бомбите“ на јавноста ќе ѝ станат појасни.

Верушевски на првото рочиште изјави дека снимените материјали биле „модифицирани и компромитирани“, а Заев тоа го поврза со разочараноста што бил вовлечен во случајот „Рекет“, но и протекувањето на снимките кои ги објавуваше Ел Чека.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e