Заев: Антикорупциската комисија е “тапа џонсон”

Премиерот Зоран Заев вечерва е гостин во “Ноќно студио” на ТВ Телма со Борјаан Јовановски.

На прашањето на новинарот зошто државната комисија за спречување на корупцијата, или популарно антикорупциска комисија не презела ништо по прашањето на бонусите на државната изборна комисија, па требало американскиот амбасадор да обелодени за случувањата, Заев кажа дека ова антикорупциска комисија е “тапа џонсон”.

“Ова антикорупциска што е сега е тапа џонсон, нема врска, не треба да постои”, рече Заев.

Јовановски го праша Заев зошто не ја смени ако смета дека е така, на што премиерот одговори дека тој не може да се меша во работата на независни тела.

“Не смеам јас тоа, тоа Груевски менуваше, антикорупциска, антиконкурентност…”, реплицираше Заев.

Заев кажа и  дека за ова треба време и дека овие комисии ќе си ја вршат функцијата онака како што треба, според закон, но уште еднаш потенцира дека промена во овие комисии може да донесе собранието а не владата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e