Посетата на Папата за мене беше големо охрабрување да бидеме фокусирани на секојдневните проблеми на граѓаните, на солидарноста и на заедништвото, рече премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање по денешната миса.
– „Ако треба и 10 пати ќе одам на средби со Макрон, Руте и канцеларката Меркел, тоа го правеа моите колеги Ципрас и Борисов. Евроинтеграциите се нашата втора цел, првата – приемот во НАТО – веќе е остварена со ратификацијата од 12 земји членки. 14 години се предолго време да се чека пред вратите на ЕУ. Постојано ги потврдуваме вредностите на Европската унија, а тоа го докажавме со посетата на папата и претходно со изборите“, рече Заев денеска по мисата од која беше дел, пренесе СДК.МК.
