Марјан Забрчанец, посебен советник за односи со јавност во канцеларијата на Претседателот на Владата, во вечерашното гостување во “Еуро фокус” на Телма телевизија, запрашан за коментар за најавената одлука за тотален карантин за време на празниците и најавата на министерот за здравство за започнување подготовки за олабавување на сегашните активни антикорона мерки, со следниот став:
“Одлуката за продолжување на вонредната состојба ја носи Претседателот на државата и мислам дека е прерано да дефинираме датуми кога ќе се олабават мерките. Министерот за здравство најави дека ние се подготвуваме за можно олеснување на рестрикциите, ние посакуваме тоа да се случи, всушност тоа е нашиот план. Оваа рестрикција сега има една единствена цел, а тоа е да доведе до што поскоро олабавување на мерките, меѓутоа за да се случи тоа мора да бидеме сигурни дека пикот е достигнат, дека кривата започнува да се движи надолу, дека бројот на новозаболени се намалува, а тоа ќе биде возможно само доколку се издржи овој период и доколку останеме во своите домови за време на викендот и за време на празниците што следат. Јас разбирам дека менталитетот и начинот на однесување на луѓето на овие простори подразбира одење по гости и социјален живот и тоа е така со децении, со години и со векови.
Но, во интерес на нашиот животот и здравјето на сите граѓани, овојпат мора да биде поразлично. Ќе издржиме две недели за да дојде денот за којшто зборуваме кога ќе почне да се олабавуваат мерките и да почнеме да се враќаме на нормалниот колосек, ама тоа ќе го направиме кога ќе бидеме сигурни дека заканата по здравјето на луѓето е сведена на минимум” – апелираше Забрчанец.