Забраната за движење не ја почитувале 28 лица, а 369 не носеле маска

Забраната за движење во периодот од 22 часот синоќа до 05 часот изутрината не ја почитувале 28 лица, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Додаваат дека во текот на изминатото деноноќие, пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 369 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид-19.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e