Забраната за движење ја прекршиле 27 лица, 218 казни за неносење заштитна маска

Од полноќ до 4 часот утрово констатирано е дека 27 лица не ја почитувале забраната за движење, информира Министерството за внатрешни работи.

Во текот на изминатото деноноќие, пак, на територијата на државата за неносење лична заштита на лице биле изречени 218 казни.

МВР апелира граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата за спречување на ширењето на Ковид-19.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e