Од полноќ до 4 часот утрово констатирано е дека 17 лица не ја почитувале забраната за движење.
Како што соопшти МВР, во текот на изминатото деноноќие (19-20 мај 2021) пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 392 прекршоци.
-Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид-19, наведуваат од МВР.
