Температурата за време на викендот може да се спушти и до -10 степени заради поларана воздушна маса која доаѓа од Русија, вели познатиот метеоролог Славчо Поповски.
-Од петок, поради продор на поларна воздушна маса од Русија ќе имаме нагло заладување, особено кон крајот на денот и вечерта, проследено со засилен до силен северен ветар со брзина на места и до 80 километри на час. Најстудено очекуваме да биде во недела наутро, кога минималната температура ќе се спушти околу -10 степени во ниските места, а на планините и до -15 степени, вели Поповски.
Тој додава дека се очекуваат врнежи од дожд, дури и од снег на планините, додека во сабота ќе преминат во снег и на пониските места, но ќе бидат локални и релативно слаби. Според анализите, ваквото време ќе потрае до понеделник-вторник, по што можеме да очекуваме затоплување, но не како деновиве.