„Нашата држава се наоѓа во исклучително значаен период кога се очекува непречено функционирање на сите институции на државната власт“, рече новоизбраниот технички премиер, екс министерот за внатрешни Оливер Спасовски.
„Наша првенствена обврска е организирањето на фер и демократски избори и континуитет на економскиот напредок, завршница на полноправното членство во НАТО и почеток на преговорите со ЕУ.Честа, но пред сѐ одговорноста да се предводи Владата во овој период, за мене претставува силен предизвик, но и голема лична, професионална и политичка одговорност да се даде максимумот за доброто на граѓаните и за развојот и напредокот на Северна Македонија“, напиша Спасовски на својот ФБ профил.