Владата предводена од СДСМ за 50 отсто ги зголеми средствата за рамномерен регионален развој и веќе се потпишани 98 нови проекти за развој на планските региони, на селата и на подрачјата со специфични развојни потреби во вредност од околу 4,5 милиони евра.
Генeрално, станува збор за инфраструктурни проекти или проектна документација за поголеми проекти предложени од општините и планските региони врз основа на нивните приоритети, со цел да можат да се обезбедат дополнителни средства и од донаторски извори или од ИПА Програмата на Европската Унија.
Со влезот на Македонија во НАТО, како и со отпочнувањето преговори за членство во ЕУ, предвидено е дополнително зголемување на средствата наменети за рамномерен регионален развој, преку отворање на нови фондови и развојни линии преку кои ќе се финансираат проекти во интерес на граѓаните особено во подрачјата со специфични развојни потреби и во руралните населени места.
Ова беше едно од ветувањето на СДСМ во предизборната програма со цел намалување на диспаритетот помеѓу регионите и заживување на другите општини, посебно оние од источниот и североисточниот дел на Македонија.