За првпат по 10 години Македонија има свој штанд на најголемиот саем за храна и земјоделство #GreenWeek во Берлин каде што посетители од цел свет ги дегустираат нашите традиционални производи. На штандот има и македонски ресторан од Берлин каде се готви македонска национална храна.
На саемот е присутен и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, кој во истовреме, на покана на германскиот канцелар Ангела Меркел, е и гостин на конференцијата на министри за земјоделство.