За прв пат се воведува субвенционирање на одгледување на рукола

Што нуди програмата за финансиска поддршка во земјоделсвото за 2022 година?
-За првпат вршиме усогласување со политиките на ЕУ преку воведување на пилот мерка во овоштарството за линеарна субвенција, со авансна исплата во тековната година, вели министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.
Тој соопшти дека, по барање на земјоделците, но и по анализите спроведени на странските пазари, се воведуваат нови култури кои ќе бидат субвенционирани.

-Се воведува нова субвенција во делот за градинарство, а тоа е за „рукола“, која ќе изнесува 30.000 денари по хектар, вели Николвоски.
Тој извеси и дека се зголемува износот за кофинансирање по хектар за субвенции за зелена нафта.
-И не запираме тука, продолжуваме да носиме и крераме мерки и политики, во интерес на граѓаните, порача министерот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e