За претстојната кампања СДСМ подготви здравствени протоколи кои ќе гарантираат безбедна кампања за здравјето на граѓаните

За сето време на пандемијата со коронавирусот, СДСМ своето делување го стави во заштита на здравјето на граѓаните, Марија Ангелова, кандидатот за пратеник во ИЕ 3.
Angelova4„За нас, здравјето и благосостојбата на граѓаните се врвни приоритети од кои не отстапуваме. Затоа, сите партиски активности ги прилагодуваме на новите околности со цел да го заштитиме јавното здравје.

-За претстојната кампања која почнува утре, СДСМ подготви здравствени протоколи кои ќе гарантираат безбедна кампања за здравјето на граѓаните.
Angelova-Сите присутни на јавен настан или состанок организиран од СДСМ мора да носат заштитна маска, да одржуваат растојание од 2 метри. Групирањето е забрането, а бројот на присутни на јавни настани и средби ќе биде со строга контрола, со најмногу 50 лица на јавна локација и 30 во затворен простор, со задолжителна физичка дистанца.

-Кампањата ќе биде без митинзи и без активности од „врата до врата“.

-На овој начин го штитиме здравјето на граѓaните, а нашата изборна понуда ќе им ја доближиме преку онлајн и дигиталните алатки и начини на комуникација“, посочи Ангелова.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e