За предвремени избори ќе разговараме по приемот во НАТО, вели извор од СДСМ

Од владејачката СДСМ велат дека не се подготвени да тргуваат со одредување датум за предвремени избори, а за возврат да добијат поддршка од ВМРО ДПМНЕ за законот за јавно обвинителство.

Извор од партијата вели дека тие се за одржување избори во редовен термин, на пример, во втората половина на октомври 2020 година.

За предвремени избори во СДСМ се подготвени да разговараат дури по приемот на РСМ во НАТО, најрано од средината на декември годинава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e