Судот во наредните осум дена може да закаже рочиште за двете обвиненија што вчера ги поднесе Специјалното јавно обвинителство, изјави денеска специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева.
– Тие се во скратена постака, а рокот на закажување е осум дена. Судот може веднаш да го заврши тоа, во рок од осум дена да закаже рочиште, а ние сме подготвени за судење – изјави денеска специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева.
Од Кривичниот суд велат дека обвиненијата од СЈО се пристигнати и дека треба да бидат распоредени кај судии што ќе постапуваат по нив.
За уништувањето на документацијата обвинети се седум лица, вработени во петтата управа на МВР, а за насилствата пред Општина Центар, СЈО гони вкупно 14 лица, од кои петмина се обвинети за потткнување на нередите, а другите девет биле извршители.
Обвинителите на СЈО вчера, повикувајќи се на начелото за презумција на невиност, не сакаа да го откријат идентитетот на ниту еден од осомничените. Сепак, измајќи ги предвид прислушуваните разговори што минатата година ги објави СДСМ, извесно е дека првоосомничени за насилствата во Центар се поранешниот премиер и актуелен лидер на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески.
Извор Мета