За Чавков 18, Јане Ченто 15, Игор Југ 12 години затвор, Дурловски на слобода за „Крвавиот четврток“ во Собранието

Во Кривичниот суд во Скопје денеска се објави пресудата за 17-те преостанати, од првично 33 обвинети за насилствата во Собранието на 27 април 2017 година, познат во јавноста како „27 април“ или „Крвавиот четврток“.

Судот му изрече 18 години затвор на Митко Чавков, 15 години за Јане Ченто и Митко Пешов, 15 години за Душко Лазаров, исто толку и за Горан Ѓошевски-Леви како и за Мумир Пепиќ и Никола Митревски-Кољо. 13 години доби Оливер Поповски. Оливер Радулов 10 години. Абдуљфета Алими доби 7 години, а Младен Додевски 12 години. Истата казна ја доби и Игор Југ. Вилијам Михајловски 14 години. Александар Василевски-Нинџа доби казна од 8 години.

Игор Дурловски е ослободен од казна. „Дурловски ја пеел химната, бил во Собранието на 27 април, но не презема никакви дејствија“, рече Кацарска.

Случајот го води судијката Добрила Кацарска, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.
Судскиот процес за настаните во собранието од 27 април 2017 година почна во август минатата година и е еден од најголемите процеси во македонското судство.

На почетокот процесот почна против 33 обвинети, кои беа извршители на упадот во парламентот и на нападите врз пратениците на актуелната власт.

Но, по донесувањето на Законот за амнестија помилувани беа 15 лица, а за еден обвинет постапката е одвоена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e