За македонските граѓани не се потребни вакцини ниту ПЦР тест за одмор во Црна Гора.
Црна Гора во земјава се промовира како дестинација која треба да се посети.
Од 19 јуни до петок, 2 јули, ќе се укине ограничувањето за работа со угостителски објекти, но без музика по 23 часот. Се укинува временското ограничување за работа на компании и претприемачи што се занимаваат со трговија на непрехранбени производи и обезбедување услуги (трговски центри, продавници за обувки и облека, салони за убавина, фризерски салони …). Македонските граѓани во Црна Гора можат да патуваат без ПЦР тестови. Инаку, во Црна Гора од вирусот починаа 1.605 граѓани.