Граѓаните кои доаѓаат да се вакцинираат против Ковид-19 во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје најчесто се интересираат смеат ли консумираат алкохолни пијалоци но и за тоа можат ли да имаат сексуални односи по примањето на вакцината. Во овој центар, каде се јавуваат дури и по 4000 граѓани дневно, досега никој не одбил да ја прими вакцината откако здравствените работници ги советувале да се воздржат од пиење алкохол. Додека за сексуалниот живот на тазе вакцинираните нема никакви забрани и препораки за апстиненција.
-Велат најчесто „а да се напијам едно пивце ќе може ли откако ќе ја примам вакцината“, а освен мажите, дури и жени прашуваат дали смеат да пијат алкохол. Но освен тоа, дел од граѓаните се интересираат и дали смеат да водат љубов… Токму деновиве за тоа се интересирање и еден постар граѓанин, можеби на 70-годишна возраст кој се вакцинираше заедно со сопругата по што нѐ праша и за тоа може ли да има секс …Па кој е уште активен– може, тоа не е забрането- раскажува медицинската сестра Стојна Ѓорѓевска од патронажната служба во поликлиниката Ченто.
Таа, заедно со другите вработени од Здравствениот дом Скопје, Центарот за јавно здравје вакцинираат против Ковид-19 уште од 5. април годинава, односно од првиот ден откако почна заштитата против вирусот во „Борис Трајковски„ во Скопје.
Има и многу исплашени, но не се откажуваат од вакцина
Нејзината колешка Малинка Станковска, која доаѓа од специјалистичките служби во поликлиниката Железара, додава:
-Уште додека ги вакцинираме ние ги советуваме граѓаните што смеат а што не смеат да прават. По вакцинирањето тие не смеат да креваат тешко, ниту да се физички многу активни. Да, најчесто прашуваат може ли да се напијат барем пиво, но и за секс почнаа да нѐ прашуваат… Консумирање алкохолни пијалоци не е дозволено одреден период по примање на вакцина против Ковид-19, а за другото на шега им велиме „па може, ако е со сопругата!“ – вели Станковска.
Има и граѓани кои се премногу исплашени кога ќе стасаат на вакцина.
– Баш денеска дојде една жена која во детството имала некоја реакција од вакцина и беше многу исплашена. И дадовме вода и низ разговор ја смиривме и дадовме вакцина против Ковид-19. Таа потоа седна во делот резервиран за престој на штотуку вакцинираните, каде се останува најмалку 15 минути поради евентуална појава на нус реакции од вакцината – додава Станковска.
Волонтерите од Црвениот Крст се на располагање на граѓаните за да ги упатат кадешто треба но и да им дадат вода за пиење.
Целито текст на НОВА ТВ.