Вујовиќ: Велигден ќе има и догодина, дефиниција за интелигенција кај човекот е снаоѓањето во новонастаната ситуација

Во вечерашното издание на “Отворено студио” на 24 ТВ, гостинка беше проф. д-р Викторија Вујовиќ, психијатар, која запрашана дали отидовме предалеку со рестрикциите, како ќе го поминеме Велигден дома и како ваквиот контекст ќе се рефлектира врз психолошкото здравје на граѓаните, го има следниот став:

“При спроведувањето на рестрикциите секоја земја го зема предвид менталитетот на своето население. Некаде поблаги мерки делуваат, а некаде и поостри мерки не делуваат. Секогаш се следи моментот, затоа тие мерки се интервентни. Она што е битно е мерките да се најавуваат на време за да можат луѓето психолошки да се подготват дека Велигден ќе го поминат дома со своите домашни, дека ритуалите ќе ги направат дома. Ако сте верник, вашата вера е во душата, во икончето кое е тука некаде во некое ќоше во вашиот дом. Сите ритуали ќе се прават во кругот на домот, затоа што сето тоа се прави во интерес на тоа пандемијата што побрзо да заврши. Нормално дека ќе биде различно од другите Велигдени.

Ама замислете дека оваа година нема да има ниту екскурзии, матурски, апсолвентски, а тоа се некои работи кои се случуваат еднаш во животот, а Велигден ќе има и догодина.

Но, мораме да се адаптираме на новонастанатата ситуација. Дефиниција за интелигенција кај човекот е снаоѓањето во новонастаната ситуација. Колку побрзо се адаптирате и се снајдете, толку повисоки рационални капацитети поседувате за да поминете нешто” – истакна проф. Вујовиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e